Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

 

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси, се иззема од гласањето во изборот на нов судија.

„Јас поднесувам неотповиклива оставка од функцијата директор на Академијата откако Комисијата за спречување на корупцијата реагираше за мојот случај и утврди дека има судир на интереси. Сакам да се изземам и од изборот за нов претседател на Судскиот совет“, истакна Герасимовски на почетокот на седницата и потоа ја напушти просторијата.

Претходно, Антикорупциска испрати соопштение во кое тврди дека членот на Судскиот совет, Зоран Герасимовски, не побарал официјално мислење од Државната комисија, ниту се консултирал со претседателот или некој од членовите за судирот на интереси поради вршење на три функции.

Државната комисија за спречување на корупција извести Герасимовски не може да ги извршува трите функции истовремено, односно не може да биде во исто време член на Судски совет, член на УО на Академијата и нејзин в.д. директор.

05.12.2022 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега