Гази Баба доделува 3000 денари за секое прваче
Општина Гази Баба ги повикува сите семејства кои живеат на територија на општината, а имаат запишано дете во прво одделение во општинските основни училишта да аплицираат за добивање на еднократна финансиска поддршка од 3000 денари.
Оваа мерка општина Гази Баба ја реализира трета година по ред и истата се воведе со доаѓањето на Бобан Стефковски за градоначалник на општина Гази Баба како изборно ветување од неговата програма.
Мерката има за цел финансиска поддршка на семејствата кои имаат запишано дете во прво одделение.
Потребна документација за аплицирање:
- Потврда од општинско основно училиште на територија на општина Гази Баба
- Извод од матична книга на родени;
- Фотокопија од лична карта на еден од родители;
- Фотокопија од трансакциска сметка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа