Газдата на Нептун со дипломатски автомобил го извадил Груби од Македонија
Како што објавивме претходно вечерва, екс вицепремиерот Артан Груби ја напуштил Македонија со дипломатско возило. Но, Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, пренесува Телма повикувјќи се на извори на истрагата.
Груби, кон Косово патувал под дипламтски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејстувал во Република Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР кога, Парпанику ја презел позицијата конзул.
Папранику е сопстеник на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.
Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.
Инаку, како што објави Прес24 претходно вечерва поранешниот директор на Лотарија подолго време не бил во Македонија.
„Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата, додека поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил границата на Македонија и заминал во Косово“, рече Мицкоски во вечерашно гостување во Клик Плус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа