Гаши: Подготвени сме за компромис

 

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вели дека подготвен за компромис и можат да фунцкионираат заедно со Алијанса за Албанците во владата.

Во изјава за Сител рече дека во овој момент не може да одлучат ништо, сѐ додека не се договорат СДСМ и Алијанса.

-Политиката во суштина е компромис, не е дека не покажуваме знаци на компромис. Но, во овој момент не можеме ништо да одлучиме или да кажеме. Сѐ ќе знае откако прво ќе се договорат Алијанса и СДСМ, па после ќе видиме ние што ќе правиме во однос на тоа, рече Гаши.

Сепак, Гаши не беше многу убедлив во одговорот на прашањето дали Алтернатива е подготвена да се откаже од Министерството за здравство,

-Ние не разговараме за одредени личности, за одредени имиња. Работата е, концептот на Алтернатива. Зошто сме ние во влада? За да може да се реализира. Ние сме заинтересирани за тоа, влеговме во владата за тоа. Сакаме тој дел да се имплементира и сакаме да имаме луѓе во владата, репрезенти, кои ќе го имплементираат тој договор. Ако бидеме отсечени, непризнаени, ако бидеме омаловажени, тогаш ќе треба да одлучиме ние дали не сме потребни веќе. Ако новото мнозинство ни даде порака дека не сакаат да бидеме дел од тоа мнозинство, ние таа порака ќе знаеме да ја прочитаме, па ќе одговориме соодветно, рече Гаши.

 

Алтернатива во моментот раководи со Министерствата за здравство и за информатичко општество и администрација, но има и еден министер без ресор.

Претходно, членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров рече дека СДСМ не може да се откаже од Министерствата за внатрешни работи,  за одбрана и за земјоделство. Секако во тој „пакет“ на недопирливи институции влегуваат и Управата за јавни  приходи и Царинската управа.

01.02.2023 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега