Гаши: Ако е виновна - ќе иницирам разрешување за првата Антикорупционерка
Во врска со актуелните настани поврзани со Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија го упатува следното соопштение:
„Почитувајќи го начелото на презумпција на невиност и независноста на судските органи, Претседателот на Собранието се воздржува од какви било прерани коментари. Основен приоритет е да им се овозможи на надлежните институции да ја завршат својата работа без било какви притисоци или влијанија.
Сепак, доколку наводите бидат потврдени низ судска постапка, Претседателот на Собранието ќе постапи без двоумење и ќе иницира соодветна собраниска процедура за разрешување.
Одговорноста за зачувување на кредибилитетот и интегритетот на институциите е врвен приоритет и обврска која не трпи компромис“, стои во соопштението на Гаши испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа