Фрчковски повикан на консултации - можно е да биде отповикан од позицијата амбасадор

Љубомир Фрчковски од ОН во Њујорк доаѓа на консултации во Скопје дознава Канал 5. Според извори на Канал 5 големи се шансите тој да биде отповикан од позицијата амбасадор.

Причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиски недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва. Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден, пренесе Канал 5.


 

Дополнително Канал 5дознава дека финансиската недисциплина е поврзана со затајување на материјални средства од сукцесија на објекти и трошење на финансиски средства спротивно на постапките и процедурите во Министерството за надворешни работи.

За потсетување, актуелниот Амбасадор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчковски пред 2 години не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.

05.07.2024 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега