Фрчат казни за скопјани: Полицијата санкционираше 211 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкциja за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, две за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло..., стои во соопштението на МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа надлежните власти.

28.05.2023 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега