Фрчат казни во Тетово: Возачите не ги почитуваат сообраќајните правила
На 02.06.2024 во периодот од 15.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-19), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 32 (ТЕ-15 и ГВ-17), 8 возачи (ТЕ-6 и ГВ-2) кои управувале без да положен возачки испит и 1 (ТЕ) мотоцикли со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола.
Исто така, при контролата биле констатирани 16 (ТЕ-7 и ГВ-9) останати сообраќајни прекршоци. Против возачите биле поднесени соодветни законски поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа