(ФОТО+ВИДЕО) Протест на јавнообвинителската служба пред Влада - бараат плати како на функционерите
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска организира двочасовен протест на кој ќе го искаже незадоволството од неисполнување на барањата за вработените во јавнообвинителстската служба.
Протестот ќе се одржи пред Владата и ќе трае од 12 до 14 часот.
Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти, износ за кој беа зголемени платите на избраните и именуваните лица.
Претставници на Синдикатот на УПОЗ досега одржаа две средби со Владата, кои завршија без конкретна понуда за решавање на барањата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа