(ФОТО) Водителките и Бадник: Елегантни пред камера, домаќинки во домот

 

На ТВ екраните водителките на различни емисии сме навикнати секојдневно да ги гледаме во елегантно издание и во нивно најдобро светло, нашминкани и дотерани од глава до пети.

Но, покрај нивните успешни кариери пред ТВ екраните и тие се жени коишто сепак ги извршуваат домашните обврски. Па така, дел од водителките на социјалните мрежи открија што подготвиле за бадниковата трпеза и во каква атмосфера го поминуваат големиот христијански празник Бадник.

Водителката и продуцентка на емисијата Живот со стил, Елена Најдоски празниците одлучи да ги помине во Маврово. На своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, споделувајќи фотографија од бадниковата трпеза, им порача: „За многу години бадниковата вечер. Да се чуваме, сакаме, да сме живи здрави, најсреќни сите“.

Водителката на емисијата „Се или нешто“, на Сител ТВ, Лила Стојановска замина за Шведска и одлучи со своите најблиски да ги помине празниците на местото каде што се родила, Гетеборг.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Водителката Стојановска сподели фотографија од бадниковата трпеза, а ја пофали својата сестра дека била иста домаќинка како нејзе. „Среќен Бадник драги пријатели“, им порача Лила на своите следбеници.

Уредничката на утринската емисија „Ја сакам Македонија“, на Сител ТВ, Елена Стојановска-Јанковска утрово откри дека нејзе денеска на емисија и се паднала паричката. „Ви посакувам на сите, се што си посакувам на себе“, напиша Стојановска-Јановска во описот на фотографиите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elena Stojanovska- Jankovska (@enna_inna)

Миа Костова, иако веќе длабоко е навлезена во водите на инфлуенсерството, сепак јавноста ја памети и по долгогодишното искуство пред ТВ екраните како водител на повеќе забавни емисии.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Таа овој Бадник реши да го помине во прекрасниот Охрид, а паричката оваа година се паднала кај Тијана Скулич.

„Таа како муслиманка дојде да учествува само и „ни ја лапна“ паричката. За многу години пријатели“, напиша инфлуенсерката Костова во описот на фотографијата.

Викторија Петровска, уредничката на емисијата „Од своја страна“, на ТВ Сонце, пак храбро кажа дека 2023 година ќе биде нејзина година.

На нејзиниот „Фејсбук“ профил објави фотографии од бадниковата трпеза, а во нивниот опис напиша „Здравје, топлина и сите на број! За многу години Бадник“.

 

06.01.2023 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа