(ФОТО) Тренчевска: Заедно со првата дама одлучивме да охрабруваме

„Започнуваме со „Гласна и храбра 2“, овој пат со позитивни приказни ги охрабруваме жените да се вклучуваат повеќе на пазарот на трудот и економски да се зајакнуваат и ги охрабруваме да се вклучуваат и во невообичаени професии“, информираше заменик министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на социјалите мрежи.

Таа соопшти дека денеска се дружела со машиновозачки, пилотки, таксистки, камерманки, оџачарки, чуварки на животните во зоолошката градина, електричарки.
„Заедно со првата дама, Елизабета Ѓоргиевска одлучивме да охрабруваме!
Целта е сите да имаме можности да ги остваруваме совоите соништа“, напиша заменичката министерка на ФБ.

05.03.2024 - 19:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега