(ФОТО) Таблата со „голема Албанија“ ја нема во Сопот
Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија со дел од Македонија во него денеска е отстранет од музејот кој што беше отворен овој викенд во селото Сопот, кумановско. По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии денеска во музејот стои само каменот на кој беше поставена картата на Голема Албанија, но не и самиот експонат. Музејот денеска е затворен и не може да се влезе во него, пренесе Сител ТВ.
Но не само мермерната плоча, и самиот музеј каде Али Ахмети викендов ја засилилуваше националистичката реторика, преку изложување на слики од борците на УЧК, а слики од него во униформа, е нелегално граден. Дивоградба, која во ниту една документација не стои името на оној што ја градел. Од општина Куманово најавија кривична пријава против градителот кога ќе дознаат кој е, а не изостанува опцијата и музејот да се сруши.
Димитриевски е изненаден и од молкот на МВР чија што обврска како што вели е да го штити уставниот поредок и некој кога поттикнува меѓуетничка конфронтација да биде санкциониран.
Во говорот на Ахмети викендов во музејот во Сопот беше кажано дека идејата била да постои Албанија без граници, но дека подоцна политиките се промениле, па било одбрано Албанците да бидат господари во оваа земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа