(ФОТО) Сопруга на украински политичар позираше за Плејбој, го изгуби окото во напад на почеток од војната
Ирина Билоцерковец, сопругата на украинскиот политичар кој е помошник на Виталиј Кличко, позираше за Плејбој откако го загуби едното око во напад на самиот почеток на војната во Украина.
Манекенката и ТВ водителка е заштитно лице на насловната страница на првото издание на Плејбој објавено во таа земја од избувнувањето на војната.
Ирина беше на повеќемесечно лекување и операција откако беше жртва на вооружен напад додека била со своите деца, само три дена по почетокот на руската инвазија на Украина. Оттогаш манекенката е симбол на отпорот, а сега за насловната страница позира во металик бикини со прекриено око на насловната.
Таа за Плејбој откри како се чувствувала кога за првпат се видела во огледало по реконструкција на лицето.
-Ми недостига око, цевчињата штрчеа насекаде, косата ми беше избричена по операцијата. Конци, лузни, рани насекаде… Бев како чудовиштето на Франкенштајн. Вилицата ми пукна како гранче. Немам убаво лицето повеќе, но остатокот од моето тело е убаво, рече таа.
Инаку, таа со месеци се лекуваше надвор од Украина, во Берлин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа