ФОТО: Снегот предизвика хаос во Скопје - Три сообраќајки за неколку минути
Обилниот снег што паѓа од утринава во Скопје, предизвика големи проблеми во сообраќајот.
Најкритично е на подрачјето на Автокоманда, каде што како што јавува читател на Press24, во рок од неколку минути се случиле дури три сообраќајни несреќи. Според информациите кои ги добивме, се судриле неколку возила во рок од само неколку минути.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за тоа колкава е материјалната штета.
Се очекуваат повеќе детали.
17.02.2025 - 09:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа