(ФОТО) Скопје знае што значи солидарност: Граѓаните масовно донираат по разорниот земјотрес во Турција и Сирија

 

Граѓаните масовно донираат облека, храна, хигиенски средства и се она што сметаат дека им е неопходно на луѓето погодени од разорниот земјотрес во двете земји.

Пунктот е отворен 24 часа се со цел поголема достапност до граѓаните.

Оттаму информираат дека акцијата ќе трае до сабота на полноќ, по што потоа истите ќе започнат да се транспортираат кон погодените подрачја.

Досега во земјотресот загинаа над 8 илјади луѓе, а Македонија како земја, општините и институциите на различни хуманитарни начини се вклучуваат во оваа мисија.

08.02.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега