(ФОТО) Се поднови македонската армија: Пристигнаа возилата „JLTV Oshkosh“
Министерството за одбрана ја информира јавноста дека пристигна воен конвој со новите возила на Армијата – лесните оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.
„Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица.
Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а досега се пристигнати 32 возила од овој тип“, информираат од ресорното министерство во писмено соопштение испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа