(ФОТО) Репортер: Сопартијците не ја дружеа Шеќеринска на „Скопје прајд“

 

Неколкумина членови на Влада и поранешни министри вчера дојдоа и се приклучија на стотиците граѓани кои маршираа на Парадата на гордоста во Скопје. Сите маршираа од Паркот „Жена борец“ кон Стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје славејќи ги различностите и љубовта.

Меѓу нив беа и бившата министерка за надворешни работи Радмила Шеќеринска. Маршираа и нејзините сопартијци од СДСМ. Министерот за правда Бојан Маричиќ дојде со обезбедување, а од Владата уште беа и министерките за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и за труд и социјала, Јована Тренческа.

Со нив маршираше и пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ. Но, освен Шкријељ никој од министрите не се дружеше со партиската другарка Шеќеринска, која на маршот беше со свои другарки, пренесува „Репортер“. Тие на почетокот стоеја едни до други, а на маршот одеа одделно.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

25.06.2023 - 11:29
Фото: 
Принтскрин Репортер

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега