ФОТО: Протест во Ѓорче Петров поради изгласаниот ДУП

Денеска во попладневните часови се одржа протест во Ѓоче Петров, поради спорниот ДУП изгласан на вонредна седница на Советот на општината. 

Повеќе граѓани го искажаа својот револт поради овој ДУП, а вечерашниот протест го нарекоа „НЕ за бетонизација на Ѓорче“. 

„Повеќе од 400 жители на Ѓорче му порачаа на градоначалникот Стојкоски НЕ за БЕТОНИЗАЦИЈА на ЃОРЧЕ

Ние со граѓаните, градоначалникот со УРБАНАТА МАФИЈА!
Ние ќе продолжиме по улиците, а градоначалникот нека продолжи со ракиите по кафаните“; стои во објавата на социјалната мрежа Фејсбук. 

07.03.2024 - 22:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега