(ФОТО) Погледнете како изгледа руинираното БМВ од Министерството на Артан Груби

 


Пред неколку дена вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Сотилковиќ во изјава за медумите рече дека возило БМВ вредно 60 илјади евра кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправката на возилото на Министерството.

„Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена а тоа е возилото џипот БМВ кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправката на возилото на Министерството. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Тој џип е вреден 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што бил користен, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на „очерупена кокошка“. Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставено на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него“, рече Стоилковиќ.

Во прилог се фотографии од возилото





27.01.2025 - 13:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега