ФОТО: Паркинг пропусница за членовите на Судскиот совет

 

„Нов член на Судски совет“ напишано на бел лист хартија е доволно за да добиете паркинг место во строгиот центар на градот. Таков лист беше поставено денеска под брисачот на задното стакло на возилото на новиот член на Судскиот совет, Исамедин Лимани кој тука дојде од редовите на Врховниот суд. 

Судскиот совет се наоѓа во објектот на Фондот за здравствено осигурување, веднаш до спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“. До влезот на зградата се влегува од Собранието, а поставена е рампа за околните станари и за оние кои имаат дозвола таму да ги оставаат автомобилите.

19.06.2024 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега