ФОТО: Ова е лицето кое пукаше во Ист Гејт, МВР ги повикува граѓаните да го пријават ако го видат
МВР објави фотографија, од како што велат, лицето што денеска пукаше кон две лица во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје.
Во нападот, тешко повредени се двете лица, кои беа пренесени во болница за укажување лекарска помош.
-Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112м, велат од МВР.
24.10.2023 - 18:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа