(ФОТО) Мојот портрет е најлош, намерно е искривен: Трамп бара Колорадо да ја отстрани сликата од неговиот лик

 


Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во јавна расправија со државата Колорадо, барајќи отстранување на, според него, „намерно искривена“ слика која виси во Државниот Капитол. Трамп тврди дека портретот е навредлив и несоодветен, додека државните службеници го бранат уметничкото дело како дел од историската колекција.

„Никој не сака лоша слика или портрет од себе, но онаа во Колорадо, во Државниот Капитол, поставена од гувернерот заедно со сите други претседатели, намерно е искривена до ниво што дури и јас, можеби, никогаш досега не сум го видел“, неведе Трамп во објава на неговата Truth Social.

„Уметницата го насликала и претседателот Обама, и тој изгледа прекрасно, но оној (мојот) е навистина најлош. Сигурно го изгубила својот талент додека стареела“, рече Трамп.

Трамп рече дека повеќе би сакал воопшто да нема портрет отколку да виси поставениот. Додаде дека многу жители на Колорадо ги повикале државните власти барајќи да се замени или отстрани сликата.

„Во нивно име зборувам со гувернерот на радикалната левица Џеред Полис, кој е исклучително слаб во однос на криминалот, особено во однос на Трен де Арагуа, кој практично ја презеде Аврора (не грижете се, ние ја спасивме!), за да ја урне“, рече Трамп. „Џеред треба да се срами од себе“.

Трамп мислеше на членовите на венецуелската банда Трен де Арагуа, често наречена ТдА, која имаше присуство во Аврора, Колорадо, минатата година. Претседателот неодамна се повика на Законот за непријателски странци за да депортира речиси 300 наводни членови на банди.

Групата, наводно, зазела станбена зграда во градот, а видеото објавено на интернет покажува група вооружени мажи надвор од зградата непосредно пред некој да биде застрелан. Ова го поттикна Трамп да ја посети областа за време на неговата кампања и да ја запознае американската јавност со оваа група.

Во 2018 година, помошник на демократскиот претседател на Претставничкиот дом на Колорадо, Крисанте Дуран, тајно донесе политички активист во Државниот Капитол, кој потоа постави голем портрет на рускиот претседател Владимир Путин каде што требаше да биде портретот на Трамп.

Ова се случи откако републиканците, наводно, не успеале да ги соберат средствата потребни за сликање на портретот на Трамп, објави 9News од Денвер.

Портпаролот на гувернерот Полис зборуваше за The Hill.

 

„Гувернерот Полис беше изненаден кога дозна дека претседателот на Соединетите Американски Држави е обожавател на нашиот Државен Капитол на Колорадо и неговата уметност. Државниот Капитол е завршен во 1901 година и содржи розов оникс и бел Yule мермер ископан во Колорадо, и вклучува портрети на поранешни претседатели и минати гувернери. Го цениме интересот на претседателот и на сите останати за нашата зграда и секогаш бараме можности да го подобриме искуството на посетителите“, изјави портпаролот за The Hill.

24.03.2025 - 11:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега