(ФОТО) Курти објави фотографии: Овие мажи вршат напад врз косовската полиција - тие се војници поддржани од Србија

 

Премиерот на Косово, Албин Курти на својот профил на „Твитер“ објави фотографии од мажи кои се облечени како војници. За нив тврди дека се одговорни за нападот врз косовската полиција. Во нападот е убиен еден косовскиот полицаец, а имало и други повредени.  

„Убиството и насилството на северот го вршат овие мажи - вооружени и организирани професионални сили во оклопни возила без регистарски таблички. Дозволете ми да повторам: овие терористички напади не ги извршуваат обичните граѓани на Косово, Србите, туку војниците поддржани од српската држава“, стои во описот на објавата на Курти.

24.09.2023 - 14:12
Фото: 
Твитер Курти

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега