(ФОТО) Инфлуенсерот ги продава своите луксузни автомобили: Бака Прасе банкротира?

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на Инстаграм објави дека продава неколку автомобили. Тој нагласи дека е итно и оти цените се максимално спуштени.

На продажба ги ставил автомобилите Мерцедес Бенз АМГ, Ламборџини и Мерцедес кои неодамна и ги подарил на својата девојка Ања Благојевиќ.

Имено, Јутјуберот неодамна на Инстаграм напиша дека не гледа излез од коцкарските долгови.

„Потрошив многу пари и влегов во многу долгови. Немам каде да ги земам парите и не можам да се вратам додека не средам сè. Испаднав навистина глупав, сè зафрлив. Направив голема глупост, не знам што да правам, се зафркнав, се коцкам“, напиша Богдан, пренесува Блиц.рс.

Бака Прасе е еден од најпознатите инфлуенсери во регионот. На Јутјуб го следат 2,3 милиони луѓе, а на Инстаграм има 1,2 милиони следбеници.

21.03.2024 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега