(ФОТО) Герасимовски: Центар е првата општина што блесна во новогодишна магија
Општина Центар информира дека заврши со процесот на украсување за Новогодишните и Божиќните празници. Оваа година, новогодишното украсување со бројни светлосни украси, елки и декоративни елементи поставени на најфреквентните локации во општината започна на 21 ноември со цел создавање празнична атмосфера која ќе донесе радост и топлина на жителите на општината, но и на сите граѓани.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста.
“Центар блеска во новогодишна магија. Секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста. Минатиот месец, први во државата почнавме со украсување за да ги стоплиме срцата на дечињата и на возрасните, Центар е дом во кој сите се добредојдени”, истакнува Герасимовски.
Во текот на следната недела, граѓаните ќе бидат информирани за сите културни и музички настани што ќе се реализираат пред празнично, на крајот од 2024 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа