(ФОТО) Босанец хит на социјалните мрежи: Не го пуштиле во шорцеви, па се вратил облечен во фустан

 

Босанец стана хит на социјалните мрежи. Сафет Семиќ на својот фејсбук профил објави фотографија на која е облечен во фустан и сподели зошто го направил тоа.

Тој пред неколку дена не бил пуштен во зградата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Мостар, бидејќи бил облечен во шорцеви, по што отишол во продавница и купил фустан со кој му се покриени колената, како што предвидуваат правилата за влез во државна институција.

Портирот овојпат го пуштил и тој си завршил работа.

 

13.07.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега