Филков се сретна со косовската колешка: Се договорија да се сретнат во септември

За време на официјалната посета на премиерот на Косово на Република Северна Македонија, министерот за правда Игор Филков, се сретна со министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу, извести Министерството за правда.

Како што се наведува во соопштението, договорена е заедничка средба меѓу двете министерства во септември за продолжување на дискусијата и активностите за прашања од заеднички интерес.

Министрите се согласија за меѓусебна поддршка во решавањето на приоритетите поврзани со владеењето на правото.

05.08.2024 - 17:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега