Филип излегол од огнот па се вратил по другарка - Македонија погребува уште еден херој

 

Во трагедијата во Кочани во дискотеката Пулс, загинаа 59 лица од кои Македонија се простува денеска, а еден од нив е младиот Филип Ивановски. 

Младото момче било меѓу првите кои успеале да избегаат од чадот и пламените јазици во дискотеката каде кобната вечер настапуваа ДНК, но одлучил да се врати назад по своја другарка. Откако се вратил за да ја побара, и тој веќе не излегол.

- „Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните. Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе. Последното испраќање со Филипче ќе биде утре ( четврток) 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола -Штип ( градска црква ) од 09:00 до 11:00 часот“, напиша на Фејсбук неговиот татко, скршен од болка.

 

Инаку, во пожарот во Кочани загинаа 59 лица кои ќе бидат погребани денеска, додека повеќе од 160 се повредени и се на лекување во Клиниките низ државава, во регионот и странство.

Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

 

20.03.2025 - 11:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега