Евакуирана и градинка по дојавите за бомби во Кавадарци
По дојавите за бомби во пет училишта во Кавадарци, на социјалните мрежи се огласи градоначалникот Митко Јанчев, којшто информира дека училиштата се евакуирани, но плус градинка, поради непосредна близина на подрачното училиште.
„Денес по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта, евакуирани се учениците и тоа од: О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци, С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров'' и С.О.У ,,Ќиро Спанџов Брко’’.
Освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира градоначалникот Јанчев.
Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни, се додава во неговиот ФБ статус.
05.12.2022 - 10:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа