Евакуации во Франција: Извештаи за бомби на 14 аеродроми

 

Нови закани за бомби утринава беа испратени до 14 француски аеродроми, а најмалку осум се евакуирани поради тоа, изјави извор близок за „Франс прес“.

Веќе вчера повеќето големи француски аеродроми, со исклучок на двата париски, беа привремено евакуирани поради ваквите закани, што доведе до откажување на 130 лета и безброј доцнења.

Бројот на закани е зголемен во последните денови во Франција по убиството на наставникот во Арас, кој беше избоден со нож од радикализиран исламист.

Според изворот, денеска се евакуирани аеродромите Брест, Каркасон, Рен, Тарбес, Бордо-Мержињак, Безије, Монпелје и Нант.

19.10.2023 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега