ЕУ загрижена: Лебот поскапел 18% за една година
Европскиот завод за статистика (Евростат) објави дека лебот во целата Европска Унија никогаш не бил поскап од сега.
Евростат нагласи дека цените на храната вртоглаво пораснале во Унијата поради, како што наведоа, руската инвазија на Украина, која значително ги наруши глобалните пазари.
Во соопштението се потсетува дека Русија и Украина се главни извозници на жито, маслодајни семиња и ѓубрива.
Минатиот месец годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто, што е историски максимум, а цената на лебот во ЕУ се зголеми 18 отсто во однос на август 2021 година.
Најголем раст на цените е забележан во Унгарија (66 отсто), потоа Литванија (33 отсто), Естонија и во Словачка (32 отсто).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа