ЕУ: Главен приоритет ни е членството на земјите од Западен Балкан

 

Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан е јасен показател за големата важност што ЕУ му го придава на процесот на проширување, изјави денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро. 

- Проширувањето, пред се со државите од Западниот Балкан, е еден од главните приоритети на Европската комисија од почетокот на нејзиниот мандат, истакна Писонеро. 

Таа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, нагласи дека во контекст на проширувањето е и новиот План за раст на Западен Балкан на Европската комисија, за кој Фон дер Лајен говореше при нејзините посети на земјите од регионот изминативе два дена.  

- Планот во основа треба да го забрза нивното економско поврзување со Европската Унија и да ги донесе поблиску до единствениот европски пазар, со што тие ќе имаат придобивки уште пред зачленувањето, додаде Писонеро. 

Таа истакна и дека Европската комисија работи на извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, додавајќи дека тие се ставени за разгледување на дневниот ред на заседанието на Колеџот на комесари на 8 ноември, па ќе бидат објавени по нивното усвојување.

31.10.2023 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега