Ердоган ги повикува влијателните актери да ги намалат тензиите меѓу Израелците и Палестинците

 

Турција ги повикува влијателните актери во регионот да ги намалат тензиите, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган, коментирајќи ги разгорените тензии меѓу Израел и палестинската група Хамас, јавува Анадолија.

– Не сакаме конфликтите да се шират во нашиот регион, наместо слепо да поддржуваме некого, ги повикуваме влијателните актери во регионот да ги намалат тензиите, рече Ердоган во Анкара, на собирот „Младинска фондација Турција“.

Како нација која со векови не отстапува од правдата и правичноста, нашиот однос кон израелско-палестинскиот конфликт е во таа насока, додаде Ердоган. Тој нагласи дека, за разлика од организациите, државите се обврзани да ги почитуваат законите за војна и човековите права. – Гледаме дека оваа линија постепено исчезнува, рече тој.

Турскиот лидер истакна дека исклучувањето на струјата, водата, горивото и храната за два милиони луѓе во Газа не е ниту хумано ниту има место во законите на војната.

Кога станува збор за американската политика кон израелско-палестинскиот конфликт, Ердоган праша: Дали е соодветно за земја како САД да бара мир или да долева масло на огнот?, пренесува Анадолија.

12.10.2023 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега