Експлозија во зграда во Токио - повредени се четири лица

Експлозија одекна во зграда во центарот на Токио при што избувна пожар, а четири лица беа повредени. Противпожарната служба брзо го изгаснала пожарот. Од четворицата повредени, тројца се во тешка состојба.

Засега не е потврдена причината за експлозијата во областа Шинбаши, но очевидци велат дека пред експлозијата почувствувале мирис на гас.

Експлозијата се случила во област во близина на железничката станица која е полна со барови и ресторани.

03.07.2023 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега