Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Стража

 

Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево на превојот Стража.

Според СВР Тетово, околу 12 часот пријавено е дека на магистралниот пат автомобил „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Македонија пат“.

Возачот на „шаранот“ Б.Н. (49) од Охрид починал на самото место, а три лица – странски државјани од Англија и Суринам (Јужна Америка) се здобиле со повреди. Повредените набрзо се пренесени за укажување на лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

14.02.2024 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега