Две тинејџерки од Грција влегле во такси и од тогаш им се губи секоја трага - потрагата по нив трае веќе два дена

 

 

Две тинејџерки, Елефтерија С. (13) и Екатерини П. (14) од Калитеа, Грција, исчезнале вчера попладне откако наводно влегле во такси и се упатиле кон непозната дестинација.

Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по налог на Обвинителството објави детали за малолетниците бидејќи постојат причини поради кои се смета дека нивните животи се во опасност, јавуваат регионалните медиуми.

Елефтерија С. има црна коса, кафеави очи, висока е 1,70 метар и тежи 85 килограми. На денот кога исчезнала носела црна тренирка со бела лента, црна јакна и бели патики.

Екатерини П. има кафеава коса, кафеави очи, висока е 1,65 метар и тежи 80 килограми. На денот кога исчезнала таа носела бела блуза, црн кардиган, црни панталони и бели патики.

Од полицијата апелираат доколку некој има информации, да се обрати до полициските станици во земјата или на европската телефонска линија за исчезнати деца – 116000.

 

01.12.2023 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега