Две лица запалиле спортска обложувалница во Гази Баба

Денеска во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба од страна на две лица бил предизвикан пожар на надворешниот дел од спортска обложувалница.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

01.07.2024 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега