Две години ја принудувале 14-годишната ќерка да краде и да проси, со тие пари купиле куќа: Драма во Загреб
Мајката на 14-годишно девојче е уапсена поради сомнение дека заедно со сопругот, очувот на детето, со години ја тепала ќерка си и ја терала да проси или да краде.
Се започнало кога девојчето имало 12 години. Нејзините родители наместо да се грижат за неа, ја искористувале на најгруб можен начин. И двајцата сега се под истрага за сомневање за трговија со луѓе, пренесуваат медиумите во регионот.
Ја терале да проси и да краде во многу земји, како Шпанија, Италија, Франција. Девојчето за тоа време не одело на училиште, немало здравствено осигурување, а морало да се грижи за своите помали браќа и сестри.
Ужасот траел две години се додека девојчето не успеало да побегне од куќата во близина на Загреб каде родителите ја криеле заедно со другите деца. Станува збор за, како што неофицијално пренесуваат тамошните медиуми, вила во околината на Загреб која осомничената двојка не ја стекнала легално.
По пријавувањето на случајот, полицијата упаднала во куќата во која била пронајдена мајката на девојчето. Бидејќи била бремена, на полицијата и рекла дека е болна и дека се плаши од спонтан абортус. Таа е пренесена во болница каде е задржана на лекување. Штом и дозволи здравствената состојба, по барање на обвинителството ќе биде префрлена во истражен затвор што го одреди Жупанискиот суд во Загреб.
Притвор му е одреден и на нејзиниот сопруг, кој успеал да побегне пред полицијата да упадне во куќата. Бидејќи има државјанство на БиХ и Србија. По него наскоро треба да биде распишана потерница.
Девојчето во сведочењето изјавило дека мајка и еднаш и ја скратила косата и и ги избричила веѓите. После тоа и рекла да оди во полиција и да пријави дека некој ја нападнал. Таа не го направила тоа. Кажала дека нејзините родители ги користеле парите што ги добила од просење во недвижнини низ Хрватска и Босна и Херцеговина. Кога одбила да проси или да краде, мајка и и очувот ја тепале со кабли и појаси.
Откако се дозна за овој страшен случај, детето било одземено од семејството и ставено во безбедна куќа. Исклучени се и другите деца од семејството, кои најверојатно ќе бидат сместени во дом за запуштени деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа