Двајца прилепчани си заработија кривична - правеле „парче“ низ возила

 

На 04.12.2023 полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп, соопшти полицијата.

Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети. Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.  

05.12.2023 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега