ДС: МПЦ-ОА има најголема заслуга за зачувување на македонскиот идентитет
Демократскиот сојуз на сите верници од православна верoисповед им го честита најголемиот христијански празник Велигден.
„Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ја има најголемата заслуга за зачувување на македонскиот идентитет низ вековите, за одржување на обичаите, традицијата и македонската сплотеност и единство на македонскиот народ.
Овој најголем празник Велигден, нека биде патоказ за нашето обединување и соочување со сите предизвици во ова турбулентно и низвесно време“, стои во честитката на политичката партија Демократски сојуз испратена до јавноста по повод Велигден.
16.04.2023 - 14:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа