Драматично во Хрватска: Ветер над 140 километри на час, на сила е портокалово предупредување
На автоматската мерна станица Призна кај Сењ утринава е измерен ветер од над 140 км/ч, така што во Хрватска се уште е на сила највисокото предупредување, особено во областа под Велебит.
Портокалово предупредување е на сила за остатокот од брегот поради силна бура, каде се очекуваат налети кои би можеле да надминат 120 км/ч.
Државниот хидрометеоролошки завод ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за прекини, оштетувања на објекти и ризик од повреди поради откорнати дрвја, скршени гранки и отпад.
Не ја исклучуваат можноста за прекин на сообраќајот и снабдување со електрична енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа