Драма во Атина: Сомнителна кеса со експлозиви пред Фондот за социјално осигурување
Утрово сомнителната кеса пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба.
Во кесата имало мали плински боци и шишиња со запалива течност, по што беа евакуирани вработените и затворена улицата.
Пред објектот пристигнаа припадници на Секторот за неутрализација на експлозивни направи на грчката полиција, кои ја зедоа кесата за да ја достават до Управата за криминалистички истраги со цел да се изврши дополнителна проверка, но и дали има некакви отпечатоци или генетски материјал.
04.12.2024 - 10:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа