Доналд Трамп повторно изненади: „Не се каам, Асад требаше да го ликвидираме“

 

Повеќе сакав да се ослободиме од него. Подготвив се. Матис не сакаше да го направи тоа, рекол Трамп за "Fox".

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторник рекол дека бил склон да поддржи мисија за атентат на сирискиот лидер Башар ал Асад во 2017-та година, но дека поранешниот министер за одбрана Џејмс Матис бил против. 

„Повеќе сакав да се ослободиме од него. Подготвив се. Матис не сакаше да го направи тоа", рекол Трамп за "Fox".

„Не се каам поради тоа - можев да живеам со тоа на било кој начин", рекол претседателот на Америка.

Во својата книга "Страв" од 2018-та година, Боб Вудвард пишува дека Трамп сакал Асад да биде убиен по пријавениот напад со хемиско оружје во 2017-та година.

Претседателот тоа го демантирал во 2018-та година, велејќи дека таква мисија "никогаш не била замислена".

Господин Трамп рекол дека ја прочитал новата книга на господинот Вудвард, "Бес", но дека била здодевна и неточна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега