Дојава за бомби на неколку локации во Сплит
Сплитската полиција од утрово пред седум часот проверува дојави за бомби кои пристигнале на четири локации во тој град.
Во анонимна електронска пошта, која е испратена и до медиумите, се наведува дека експлозивни направи биле поставени во градската управа на Бановина, во црквата Свети Франциско, во близина на споменикот на хрватските одбранбени сили и во трговски центар во Сплит, пренесува Индекс.
Сплитско-далматинската полиција соопшти дека утринава добила мејл со анонимна дојава за наводно подметнати експлозивни направи.
Како што наведе таа, на сите локации се испратени полициски службеници за проверка на веродостојноста на пријавите и ќе ги преземат сите мерки и дејствија со цел заштита на безбедноста на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа