Додик: „Болно е да се гледаат слики од Газа“
Тежок е моментот кој постои во конфликтот меѓу Израел и Палестина, особено Хамас, изјави денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Тој посочи дека очекува конфликтот што поскоро да престане и да се најде договор.
„Болно е да се погледнат сликите од Газа. Но, активноста на Израел да се брани е оправдана. Очекувам дека конфликтот ќе престане што е можно поскоро и дека ќе успеат да најдат договор. Гледам дека тој е различен од претходните ситуации. Америка се дисквалификува како посредник, затоа што се рангира на едната страна. Како и во Украина. Ја видовме реакцијата на арапскиот свет на тоа. Тоа го комплицира проблемот, кој е тежок. Секаков вид на навивачки однос не е фер и коректен“, рече Додик.
Тој додаде дека деценискиот конфликт меѓу Израел и Палестина донекаде потсетува на ситуацијата во Босна и Херцеговина.
„И ние сме турнати во нешто што не може да функционира со волјата на другите, да живееме во област која нема перспектива да функционира како држава, верувам дека ќе успееме да го зачуваме мирот, тоа е најважно од се, а политичкиот процес ќе биде тековен и многу поинтензивен“, рече Додик, пренесува порталот РТРС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа