Додека Заев одмора, Ахмети лобира Насер Зибери да биде мандатар

Додека лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се одмора до Илинден, лидерот на ДУИ, Али Ахмети не губи време и веќе телефонски се слушнал со лидери на партиите на Албанците во обид да обезбеди поддршка за нивниот предлог Насер Зибери да биде мандатарот на новата влада.

Како што самиот напиша на Фејсбук, Ахмети вчера телефонски разговарал со претседателот на ДПА Мендух Тачи и со претседателот на Беса, Билал Касами. Тој најави разговори и со претседателите на другите албански партии Африм Гаши, Зијадин Села и Весел Мемеди.

– Заеднички ќе го процениме резултатот од изборите и ќе размениме мислења – напиша Ахмети на Фејсбук.

Од ДУИ велат дека по телефонските разговори Ахмети ќе закаже и средби со лидерите на партиите на Албанците, пренесува „Плусинфо“. Впечатливо е дека фотографијата на постот на Ахмети за средба со лидерите на партиите на Албанците е од средбата кај премиерот на Албанија Еди Рама за таканаречената Тиранска платформа, која беше топ тема во кампањата за изборите во 2016 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега