Димитриеска - Кочовска е против замрзнување на маржите, а го подржува Законот за нефер трговски практики
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес - конференција по повод 100 дена од работата на Министерството изјави дека останува на својот став против замрзнувањето на маржите оти не носат резултат, бидејќи во државните институции нема капацитет за следење на почитување на мерката и очекува да има промени во тој дел.
„Јас ова веќе го коментирав и го имам исто така изјавено и транспарентно, никогаш не можам да се согласам со таква мерка замрзнување на цени, маржи затоа што се комплетно сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет којшто може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така.
Но, независно од сето тоа, јас и моето размислување го кажав на Владата, на крај ставот на Владата е тој којшто оди како заедничка одлука и ставот на Владата беше дека ќе се продолжи со замрзнување на трговските маржи со тоа што во периодот којшто следи очекувам да има промени во тој дел и да не продолжиме на истиот овој начин затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи како што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација“, рече министерката Димитриеска Кочовска на новинарско прашање за нејзиниот став како министер за финансии за мерката за замрзнување на маржите.
Таа подвелече дека го поддржува Законот за нефер трговски практики затоа што смета дека тоа повеќе ќе го регулира пазарот отколку замрзнувањето на маржите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа