Димитриеска-Кочоска на CEF Форумот: Силни институции се клучот за успешни реформи- Македонија го презеде претседателството со Управниот одбор на CEF

 


Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати,“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на завршната сесија на Годишниот состанок на Управниот одбор на CEF Форумот , кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора.

Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа. Таа истакна дека јавните институции мора да бидат стратешки ориентирани, да дејствуваат со интегритет и да реагираат агилно на предизвиците, особено во управувањето со јавните финансии.

„Нашата способност да спроведеме реформи не зависи само од стратегии и акциски планови, туку од капацитетот и отпорноста на институциите што ги спроведуваат тие промени,“ посочи Димитриеска-Кочоска.

Затоа, како што потенцираше Димитриеска-Кочоска, Министерството за финансии го постави институционалниот развој во сржта на својата реформска стратегија со формирањето на Академијата за јавни финансии која е доказ за таа посветеност.

„Академијата не е само центар за обука, туку двигател за градење компетенции и трајна култура на учење,“ рече таа.

На Форумот , Димитриеска-Кочоска ја истакна и важноста на регионалниот дијалог и заедничкото учење, при што упати благодарност до меѓународните партнери за нивната поддршка преку техничка помош, советување и програми за градење капацитети.

Министерката упати и посебна благодарност до Управниот одбор на CEF за довербата и лидерството, по повод презем
ањето на претседателството со Управниот одбор од страна на Република Северна Македонија

23.06.2025 - 19:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега