ДИК пред комплетирање: Власта по волече својот кандидат - остана само тој на опозицијата

 

ДИК е на чекор пред комплетирање на составот откако Аријанит Хоџа го повлекол својот предлог за член на оваа комисија. Според последните информации, сега во игра е само членот кој доаѓа како предлог на албанската опозиција и останува пратениците да се соберат и да гласаат.
Доколку постои договор меѓу власта и опозицијата, овој предлог би можел да се најде на некоја од наредните седници. Но, без гласовите на СДСМ и ДУИ опозицијата не може да го избере овој член бидејќи тој се избира со двотретинско мнозинство.
Информацијата дека Хоџа го повлекол својот предлог утрово ја потврди координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ но немаше информација дали власта ќе даде поддршка со гласање.
Албанската опозиција веќе подолг период го бојкотира собранието со своите пратеници токму поради тоа што не се избира нивниот предлог за член на ДИК.

 

14.02.2024 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега