ДИК обработи над 85% од гласовите: Силјановска со убедливо водство


На 85,05% обработени податоци кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 306,144 гласа, објави Државната изборна комисија.

Според податоците, втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој има освоено 150,475 гласа. Трет е Бујар Османи со освоени 105,871 гласа. Потоа следуваат Арбен Таравари со 74,751, Максим Димитриевски со 65,631, Билјана Ванковска 33,280 и Стевчо Јакимовски со 6,080 гласа.

24.04.2024 - 23:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега